24фудбал

Меси: Син ми ме прашува зошто ме критикуваат во Аргентина?

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси зборува за играњето во националниот тим и критиките кои ги добива во својата земја.

Јужна Америка

Меси често е критикуван за игрите во аргентинската репрезентација, последните негативни написи беа за неговото неиграње на пријателсиот меч против Мароко. Официјално тој го пропушти дуелот поради повреда, но некои сметаа дека едноставно сакал да се одмори.

„Видов што велат за мене, секогаш измислуваат работи. Ништо не ме изненадува, има многу лаги кои беа кажани и тоа ме прави лут бидејќи луѓето веруваат во тоа што ќе го слушнат“, вели Меси.

„Вистината е дека во репрезентативната пауза влегов со повреда која ја влечам уште од декември. Повредата на препоните е комплицирана. Се чувствувам подобро, но треба да се пазам“.

„Сакам да освојам нешто со Аргентина, ќе играм на сите важни натпреварувања. Многу луѓе велат дека не сум требал да се вратам, син ми дури и ме праша зошто ме критикуваат во Аргентина?“.

Меси објаснува како се чувствувал по елиминацијата од Светското првенство минатата година.

„Размислував да се заклучам, да избегам со мојата фамилија и да заборавам на се. Се обидов да се изолирам од се на некое време вклучувајќи го и националниот тим“.

Една од гласините кој циркулираат е дека таткото на Меси ги носи одлуките во репрезентацијата на Аргентина.

„Лудо е тоа што некои луѓе велат дека татко ми го води националниот тим. Тие исто така велат дека тој има моќ и во Аргентинската фудбалска федерација. Мојата фамилија страда поради тоа. Имам пријатели и фамилија кои страдаат како резултат на искажаните лаги. Секој може да каже што сака, но луѓето веруваат во тоа и потоа јас сум лошото момче“.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.