24фудбал

Смолинг го прокоментира дуелот со Меси по кој му го раскрвари носот на Аргентинецот: Не се навикнати на ваков интенезитет!

Крис Смолинг вели дека немал намера во стартот по кој потече крв од носот на Лео Меси и додава дека Манчестер јунајтед ја неутрализирал Барселона.

Лига на Шампиони

„Ѓаволите“ доколку сакаат полуфинале во Лигата на шампионите ќе им треба ново чудо како она на гостувањето кај ПСЖ откако вечерва на Олд Трафорд, Барселона стигна до победа од 0-1 со автоголот на Шо.

И покрај тоа што Манчестер јунајтед загуби, Крис Смолинг е задоовлен од она што го прикажале и вели дека го неутрализирале противникот.

„Ги притскавме виско и прилично им ја отежнавме работата. За жал не постигнавме гол, мислам дека креиравме неколку добри шанси“ – вели Крис Смолинг.

„Имавме добри периоди во првиот дел, додека во вторите 45 минути уште од стартот ги притиснавме и им направивме многу проблеми. Ги неутрализиравме, освен погодокот, мислам дека имаа само уште еден шут кој Де Хеа го одбрани“.

За неговиот дуел со Лео Меси на средината од првиот дел по кој потече крв од носот на Аргентинецот, тој додава: „Немав намера да го повредам. Бевме агресивни, игравме со интензитет на кои тие не се навикнати“.