24фудбал

„Тато не ме интересираат пари, сакам да играм фудбал“ – Лука Јовиќ и кажал НЕ на Барселона!

Лука Јовиќ веројатно ќе остане уште една сезона во Ајнтрахт Франкфурт, таткото на напаѓачот откри дека веќе ја одбиле Барселона а веројатно ист одговор ќе добијат и сите други гиганти.

Германија

Талентираниот Србин има фантастична сезона со 17 погодока во Бундеслигата па го привлече вниманието на голем број клубови. Барселона во него гледа замена за Луис Суарез, и редовно испраќа скаути.

Напаѓачот исто така е и на радарот на Реал Мадрид и Баерн Минхен, а се споменуваше и како опција на Интер за наследник на Мауро Икарди. Се најавува трансфер вреден и до 60 милиони евра, но веројатно ова лето нема да видиме една ваква зделка.

Лука Јовиќ е голема сензација па Билд испрати новинар во Батар (родното село на играчот во близина на Бијелина, Република Српска) за да разговара со неговиот татко. Тој потврди дека добиле понуда од Барселона, но откри и дека одговорот бил негативен и навести дека напаѓачот е подготвен да остане уште една сезона во Ајнтрахт Франкфурт за да продолжи да се развива.


„Добивме неколку предлози. Барселона е заинтересирана но Лука им кажа НЕ. Причина е тоа што не знае дали ќе игра таму.“ – вели Милан Јовиќ.

„Пред неколку дена беше тука и ми кажа, „Тато, не ме интересираат парите, сакам да играм фудбал“. Планот е со Ајнтрахт да се обезбеди настап во Лигата на шампионите и следната сезона со „орлите“ да игра во најелитното европско натпреварување. Има одличен однос со останатите играчи од поранешна Југославија во тимот“.

Сепак, доколку Ајнтрахт Франкфурт реши добро да заработи на продажба, Лука Јовиќ е подготвен за нова авантура.

„Доколку управата на Ајнтрахт му рече, „Сакаме да направиме пари“, нема да се противи на интересите на клубот и ќе замине“.