24фудбал

Азар понекогаш прави противниците да „исчезнат“... (ВИДЕО)

Белгиецот игра во фантастична форма изминатиов период, а таков беше и синоќа на гостувањето во Прага, каде иако не играше од првата минута, по влегувањето во игра ја потврди формата во која се наоѓа.

Лига Европа

Челси славеше минимална победа на првата пресметка со Славија Прага во четвртфиналето од Лига Европа, а Премиерлигашот со голот на Марко Алонсо дури во 86. минута успеа да ја потврди фаворитската улога.

Тимот од Лондон грчевито се бори за место во топ четирите екипи во Премиерлигата каде конкуренцијата оваа сезона е огромна, сигурно ќе сака и атак на трофејот во Лига Европа со кој по автоматизам ќе обезбеди виза за Лигата на шампионите, а во четирите победи во низа во сите конкуренции сигурно големо влијание има Еден Азар кој игра во фантастична форма.

Иако Белгиецот ги одигра само завршните 30 минути од пресметката во Прага, тоа беше доволно да ја потврди својата форма во која се наоѓа, а токму првата ѕвезда на Челси го имаше и потегот на вечерта од сите натпревари синоќа...