24фудбал

Лацио тешко го прифати поразот од Милан, гостите направија тепачка по последниот свиреж (ВИДЕО)

Немили сцени по крајот на дуелот помеѓу Милан и Лацио, на теренот настана голема мешаница откако гостите тешко се помирија со поразот.

Италија

Милан со пенал стигна до победа и три важни бода против Лацио, директен конкурент во битката за топ четири и местата кои водат во Лигата на шампионите.

По крајот на мачот на теренот настана голема мешаница. Луиз Фелипе од Лацио испровоцира, па притирчаа луѓе од двата табора за да спречат голем инцидент.