24фудбал

Играчите на Милан разменија дрес со играчот на Лацио кој ги провоцираше, па го покажуваа како трофеј! (ФОТО)

Милан со гол на Кеси од пенал го победи Лацио и освои многу важни три бода против директниот конкурент за местата кои водат во Лигата на шампионите, а по мечот се случуваа многу работи.

Италија

Играчот на Лацио, Ачерби пред натпреварот изјави дека тие имаат многу подобри поединци од Милан. Поради тоа на твитер имаше и мала вербална војна со Бакајоко.

По натпреварот Ачерби наивно го размени дресот со играч на Милан, како што вообичаено прават дел од фудбалерите, но росонерите очигледно не ги заборавија зборовите пред мечот на дефанзивецот.

Кеси и Бакајоко го земаа дресот на Ачерби и помалку неспортски го покажуваа кон трибините исмевајќи го играчот на Лацио.

Не е исклучена можноста за овој потег да добијат и казна.