24фудбал

Лил го понижи ПСЖ и го одложи шампионското славје, „светците“ ваков пораз не доживеале 19 години! (ВИДЕО)

ПСЖ ќе почека уште малку за да се радува на нова титула, избраниците на Тухел вечерва беа понижени на гостувањето кај Лил и загубија со убедливи 5-1.

Франција

„Светците“ доминираат во Франција окако клубот премина во рацете на богатите сопственици од Катар. Обично ПСЖ е тој кој си поигрува со ривалите во Лиг 1 во последните неколку години, но вечерва избраниците на Тухел доживеја тежок пораз и беа понижени на гостувањето на „Стад Пјер Морој“.

Лил славеше со убедливи 5-1 и му го нанесе на ПСЖ највисокиот пораз во првенството на Франција од декември 2000-та.

Мунје си постигна автогол во 7. минута за водство на домаќините од 1-0, но „светците“ брзо се вратија откако Бернат изедначи на 1-1 во 11. минута. Потоа следуваа 20 минути со големи пехови. Најпрво се повреди Силва, а потоа и Мунје за Бернат да добие црвен картон за старт со кој го овозможи противникот да се најде во шанса за гол.

ПСЖ и со играч помалку можеше да поведе, на стартот од вториот дел, Керер со глава промаши зицер од пет метри, и по ова им се случи потоп на гостите. Пепе донесе ново водство во 51. минута, потоа Бабма зголеми на 3-1 а пет минути подоцна Габриел најави катастрофа за ПСЖ.

Конечниот резултат го постави Фонте во 84. минута од мечот.