24фудбал

Турските медиуми откриваат кои скаути го следеле Елмас на мечот со Галатасарај

Елиф Елмас имаше одлична партија во големото дерби на Истанбул и дуелот со Галатасарај, медиумите од Турција откриваат дека скаути на Фиорентина, Лацио и Тотнем го следеле Македонецот.

Македонија

19 годишниот офанзивец го привлекува вниманието на огромен број клубови ширум Европа и се најавува дека летоска ќе направи трансфер вреден околу 20 милиони евра.

Македонецот синоќа имаше одлична партија против Галатасарај, блесна со гол со кој донесе бод за Фенер во големото дерби на Истанбул.

Спред новинарот Волкан Демир од весникот Сабах, на трибините на „Шукру Сарачоглу“ имало скаути на седум големи клубови.

Очите на преставници на Лацио, Фиорентина и Тотнем биле вперени кон игрите на Елиф Елмас. Дербито со голема внимателност го следеле и луѓе на Дортмунд, Марсеј, Монако и Севиља кои пак имале други играчи на списокот како Хенри Онјекуру од Галатасарај.