24фудбал

Фабињо ги запали социјалните мрежи, фановите го обвинија за неспортски и грозен потег, но... (ВИДЕО)

Играчот на Ливерпул, Фабињо е во центарот на вниманието поради еден грозен потег, но се чини дека Бразилецот не е виновен како што некои мислат.

Англија

На Еден Азар му се укажуваше лекарска помош, а Фабињо го исекна носот во близина на фудбалерот на Челси.

Некои аматерски видеа на социјалните медиуми покажуваат дека тоа е премногу блиску и го обвинија Фабињо за неспортски потег.

Но од сликата подолу и од видеото на „Сан“ кое можете да го видите на овој ЛИНК, се гледа дека Фабињо е некој метар погоре од Еден Азар и нема намера да го исекне носот врз противничкиот фудбалер.