24фудбал

Дини по црвениот картон со сочна пцовка му кажа убаво на Емери што мисли за Тореира: Тој е е*ана пи*ка! (ВИДЕО)

Напаѓачот на Ватфорд, Трој Дини играше само десетина минути против Арсенал, Англичанецот беше пратен на ладење во соблекувалната откако му удри лакт на Лукас Тореира.

Англија

Трој Дини беше во центарот на вниманието минатата сезона кога Ватфорд и Арсенал се сретнаа на „Викариџ Роуд“, дуел во кој домаќините во финишот од мечот стигнаа до победа од 2-1. Напаѓачот по крајот на натпреварот истакна дека „топчиите“ загубиле бидејќи немале „мадиња“ односно „кохонес“.

Англичанецот и вечерва беше во фокусот откако на теренот издржа десетина минути и беше пратен на ладење во солблекуваната по стартот врз Лукас Тореира и лактот во глава кој му го удри на противникот.

Трој Дини не се помири лесно со одлуката и на излегување од теренот му кажа убаво на Унаи Емери што мисли за Уругваецот.

„Тој е е*ана пи*ка! Само претрчав покрај него“ – му дофрли напаѓачот на тренот на Арсенал.