24фудбал

Солскјер со предупредување до Барселона: Меморијата од реваншот со ПСЖ ќе им помогне на моите фудбалери

Норвежанецот на одличен начин го предводи Манчестер јунајтед каде доби прилика за докажување по отказот за Жозе Мурињо, по сензацијата со ПСЖ, сега тој има нова речиси невозможна мисија, на арената која за него има преубави сеќавања.

Лига на Шампиони

Оле Гунар Солскјер тврди дека неговите избраници вечерва ќе имаат голема мотивација во себе за реванш пресметката против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Иако Премиерлигашот загуби на Олд Трафорд минимално од Каталнците, сепак, Солскјер вели дека меморијата од тоа како неговиот тим го елиминираше ПСЖ во претходната рунда, сигурно ќе помогне за ново чудо вечерва, овој пат на Камп Ноу.

Меморијата од тоа како го елиминиравме ПСЖ сигурно ќе им помогне на фудбалерите“ рече Солскјер.

Ние, како тим, знаеме како да ги тргнеме работите во наша насока, Барселона е тежок противник, но, случајот со ПСЖ не е така далечен, а ние сега треба да постигнеме еден гол за да се измрамниме“ додаде Норвежанецот.

Солскјер ќе се врати на Камп Ноу по подолг период, а тоа ќе биде за него убаво сеќавање по постигнатиот гол во финалето од елитното европско клупско натпреварување против Баерн Минхен во 1999. година.

Ќе има многу емоции, тука имам фантастични сеќавања во мојата кариера“ заклучи Солскјер.