24фудбал

Газета дело Спорт: Млади имиња за иднината на Интер, Марота размислува за Елмас

Италијанскиот весник пишува дека Елмас веќе влегол во нотесот на извршниот директор на Нероаѕурите, за Македонецот се вели дека е дел од плановите за иднината на клубот од Милано, меѓутоа, калчолигашот ќе има големи ривали во битката за потписот на нашиот репрезентативец.

Македонија

Газета дело Спорт пишува дека Интер и покрај тоа што во годините претходно тимот најмногу го градеше на искусни фудбалери, сепак, во  Милано размислуваат и за помладите фудбалери, а последното име кое било впишано во нотесот на Нероаѕурите е токму нашиот Елиф Елмас.

19 годишниот македонски репрезентативец од редовите на Фенербахче подолг период се поврзува со повеќе европски гиганти, а според италијанскиот весник последен во низата е сега Интер.

Интер бара искусни фудбалери, но исто така и млади фудбалери. Последното име кое е впишано во нотесот на Интер е Елиф Елмас, 19 годишниот Македонец кој игра во Фенербахче, физички одличен, се разви во Работнички, клуб од Скопје за кого дебитираше на само 16 години во македонското првенствопишува Газета дело Спорт.

Меѓу другото, италијанскиот весник додава и за сериозниот интерес од Лацио и Фиорентина, а издвои и дека цената за младиот Македонец изнесува од 15 до 20 милиони евра.

Елиф погоди на два пати во европските квалификации за нашиот најсилен фудбалски состав, а секако од големо значење за него беше погодокот против Галатасарај во мега дербито на турскиот шампионат кое заврши со реми од резултат 1-1, меч каде според турските медиуми имало голем број скаути на трибините од пресметката во Истанбул.