24фудбал

Ајнтрахт во полуфинале со гол од едно метро офсајд, Челси, Арсенал и Валенсија рутински одработија (ВИДЕО)

Ајнтрахт е единствениот тим кој вечерва ја надполни негативата од првиот меч и се пласираше во полуфинале, Челси, Арсенал и Валенсија со нови победи го потврдија настапот помеѓу четирите најдобри.

Лига Европа

Познати се полуфиналистите во Лига Европа, Челси ќе се сретне со Ајнтрахт Франкфурт а Арсенал ќе игра против Валенсија.

Вечерва во реваншите, само Ајнтрахт ја надополни негативата и се пласираше помеѓу четирите најдобри откако со 2-0 ја совлада Бенфика. Домаќините поведоа со голот на Костиќ, кој беше едно метро во офсајд, ВАР нема во Лига Европа, па погодокот остана да важи и покрај тоа што гостите жестоко протестираа.

Домаќините до посакуваниот резултат стигнаа во 67. минута кога Роде погоди од работ на шеснаесетникот.

Челси дојде до нова победа над Славија Прага, овој пат на домашен терен славеше со 4-3, Арсенал со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Наполи, а Валенсија пред своите фанови со 2-0 го совлада Виљареал.