24фудбал

„Играта на Меси лесно се разбира но тешко се контролира, еден на еден ќе ве убие!“ – Мурињо со совет до Клоп и останатите

Жозе Мурињо проговори за тоа како да се сопре Лео Меси, вели дека не е фан на стратегија со која еден човек ќе биде задолжен да ја неутрализира играта на Аргентинецот.

Лига на Шампиони

Првата ѕвезда на Барселона има одлична сезона, постигна многу важни погодоци а блескаше и на реваншот против Манчестер јунајтед со два погодока.

Па не случјано медиумите веднаш го запрашаа тренерот на Ливерул, Јирген Клоп како ќе го запре Лео Меси во полуфиналето, а Германецот со насмевка одоговори: „Му благодарам на Бог што вечерва не треба да мислам на ова, има уште две недели до натпреварот“.

На оваа тема разговараше и Жозе Мурињо, кој за „Раша Тудеј“ истакна дека не е фан на стратегијата со која еден човек ќе биде задолжен да ја неутрализира играта на Аргентинецот.

„Играта на Меси лесно се разбира но тешко се контролира. Напаѓа од десната страна, но потоа ќе почне да игра во средина. Многу е тешко против него“ -  вели „специјалниот“.

„Кога Меси ја има топката и оди еден на еден против вас, вие сте мртви! Затоа никогаш не сум сакал да задолжам еден играч постојано да трча по него и да му дише во врат. За да се сопре Меси, треба да креирате кафез“.

„Меси има феноменална сезона и сега откако Јувентус и Кристијано Роналдо се елиминирани, знае дека „Златната топка“ го чека“.