24фудбал

Клоп испрати порака до Гвардиола по драматичната елиминација од Лигата на шампионите со ВАР

Јирген Клоп вели дека знае колку е тешко да се изгуби на таков начин како што беше елиминиран Манчестер Сити, тој сочувствува со нивниот конкурент за титулата во Премиерлигата.

Лига на Шампиони

Ливерпул и Манчестер Сити се борат за големиот трофеј од Премиерлигата. Тимот на Клоп остана да се натпреварува и во Лигата на шампионите, додека „граѓаните“ беа елиминирани во еден исклучително драматичен меч со Тотнем.   

Запрашан какво влијание ќе има елиминацијата на Сити од Европа во трката за титулата во Премиерлигата, Клоп рече: „Не знам. Но беше неверојатно. Финишот беше уоу!“.

„Навистина сочувствувам со нив. Се разбира сите мислеа дека беше гол и почнаа да го слават погодокот“.

„Знам дека луѓето ќе речат да немаше ВАР тоа ќе беше чист гол, и точно е, но се уште ќе имаше дискусии потоа“.

„Беше тешко да се прифати, 100 проценти сум сигурен. Но од друга страна големи комплименти за Тотнем. Со сите проблеми кои ги имаа, поминаа“.