24фудбал

Спортскиот директор на Јуве посочи какви се плановите на клубот за Дибала

Аргентинскиот офанзивец подолг период се поврзува со неколку клубови, а во Италија често пати за него се вели дека е на излезна врата од Торино, но, од таму веќе посочија какви се плановите за иднината на Аргентинецот.

Италија

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи отфрли било каква можност Пауло Дибала да си замине од Торино во летниот преоден рок, Аргентинецот од поодамна се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед, а се споменува дека интерес за неговите услуги има и Интер.

Говорејќи за Скај Италија по освојувањето на титулата сезонава во Серија, Паратичи беше запрашан и за ставот на клубот во однос на тоа какви се плановите за Дибала.

Ние како и обично редовно имаме состаноци со Алегри, како што и секој клуб прави, не е вистински момент да објавиме какви ќе бидат нашите чекори, но, имаме идеи за тоа како да го подобриме составот“ рече спортскиот директор на италијанскиот првак.

Секако Дибала ќе остане во тимот, тој е наш фудбалер и очигледно е дека ќе остане“ заклучи Паратичи.