24фудбал

Тоа што го направи Погба по поразот на Јунајтед, ги налути фановите

Манчестер јунајтед има очајна серијата, а Пол Погба повторно се посочува како еден од главните проблеми во тимот.

Англија

По фантастичниот старт на тренерската кариера во Манчестер јунајтед, Оле Гунер Солскјер и неговиот тим сега рушат негативни рекорди, на последните осум натпревари имаат дури шест порази.

Голем дел од навивачите го бранеа Погба, го напаѓаа Мурињо, но францускиот фудбалер им се врати на старите навики, повторно креира проблеми, па фановите го губат целото трпение кон него.

По поразот од 4-0 од Евертон, Погба не ги поздрави навивачите на Јунајтед иако наредба од клубот е тоа да го прават по секоја средба, особено на гостинските натпревари.

Погба се поздрави со играчите на Евертон и замина кон соблекувалната игнорирајќи ги навивачите на Манчестер јунајтед. Таквиот негов однос кон нив ги налути.

„Што е доволно, доволно е, тој со ова покажа непочитување кон нас“, напиша еден фан на твитер.

„Отсекогаш сум бил фан на Погба и тој е фантастичен кога победуваме, но кога тоа не е случај неговиот однос е смрдлив. Сега мислам дека тој е како вирус кој се шири во составот, а не инспирација која треба да биде. Се плашам да речам, но треба да си оди“, вели друг фан.

„И Погба и Лукаку треба да си одат ова лето. Лукаку никогаш не е беше доволно добар за овој клуб. Што се однесува до Погба, ние фановите направивме се за него откако тој се врати од Торино, му дадовме огромна подршка дури и кога не играше добро. Забавувај се во Мадрид“, напиша трет навивач на Јунајтед.