24фудбал

За Клоп прашање од типот ‘дали Ливерпул мисли на Барса’ е сра*е од прашање

Голема битка ќе води тимот од Енфилд во периодот кој претстои, битка на два фронта, на едниот против Манчестер Сити во Премиерлигата, на другиот против Барселона во Лигата на шампионите.

Англија

Многумина очекуваат Ливерпул барем малку да се „штеди“ против Хадерсфилд во петок пред своја публика во рамките на Премиерлигата, а со цел за првата пресметка против Барселона на гости во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тимот од Енфилд се бори на два фронта во завршницата од актуелната сезона, во моментов е лидер во Премиерлигата со два бода повеќе од Манчестер Сити, но и меч повеќе во однос на големиот ривал на три кола до крајот на првенството.

Германскиот стратег од клупата на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашната победа на гости кај Кардиф (0-2) испрати јасна порака дека неговиот состав целосно ќе се фокусира на мечот со фенерџијата во Премиерлигата.

Некои луѓе би не прашале дали размислуваме за Барселона или некои слични сра*a како тоа прашање“ рече Клоп.

Ние целосно ќе се фокусираме на мечот со Хадерсфилд, но, дотогаш ќе треба да се одмориме, а воедно и да се подготвиме добро“ додаде Германецот.