24фудбал

Матиќ отворено: Не ги обвинувајте младите момци, јас бев најголемиот проблем

Манчестер јунајтед грчевито ќе се бори за место во топ четирите екипи до крајот на актуелната сезона во Премиерлига, за пласман во Лигата на шампионите идната сезона, но, Црвените ѓаволи не го положија тестот против Евертон, а што ли ќе се случи против моќниот Манчестер Сити.

Англија

Веројатно мини изненадување фрли од ракавот Оле Гунар Солскјер на вчерашното гостување кај Евертон, почнувајќи од првата минута со Немања Матиќ, меѓутоа 30 годишниот фудбалер од средниот ред целосно потфрли и влезе во сивилото на Црвените ѓаволи кои на Гудисон Парк загубија убедливо со 4-0.

Србинот по мечот беше отворен, сета вина од високиот пораз кој може да биде доста болен за тимот од Олд Трафорд по крајот на актуелната сезона во битката за место во топ четирите екипи во Премиерлигата, ја стави зад себе, тврдејќи дека младите момци од тимот не треба да им се препишува никаква одговорност.

Многу работи не ни појдоа од рака, прво и основно нашиот приод во играта“ рече Србинот.

Мислам дека најискусните фудбалери, во случајов јас, не играв добро на овој меч. Со тоа, мислам дека не треба да ги обвинуваме младите момци, јас бев најголемиот проблем, во ваков тип на натпревари треба да ја добиете битката на средината, тогаш тимот може да игра подобар фудбал, ние тоа не успеавме да го сториме“ рече искусниот Матиќ.