24фудбал

Ах таа весела математика на Англичаните, како го направија Мбапе побрз и од Болт

Таблоидите од „Островото“ понекогаш знаат да бидат прилично креативни во своите вести и да привлечат внимание со „бомбастичен“ наслов, таква им е последната сторија за Килијан Мбапе и Усеин Болт.

Англија

Младиот напаѓач синоќа забележа хет-трик против Монако и изедначи рекорд стар 29 години, откако стана првиот Французин по Папин кој постигнал 30 погодока во една сезона во Лиг 1.

За многумина прилично беше импресивен спринтот на Килијан Мбапе за првиот погодок. Статистиката покажа дека тој забележал максимална брзина од 38 км/ч, со што го подобри сопствениот рекорд од дуелот со Аргентина на Светското првенство, кога имаше максимална брзина од 37 км/ч.

Бројките се импресивни, но не толку како што се обидоа да прикажат тоа таблоидите од „Островото“ како што се „Дејли Мејл“ и „Сан“.

Според нив, Килијан Мбапе бил побрз од Усеин Болт кога Јамајканецот го поставил светкиот рекорд на 100 метри во Берлин.

Но нивната весела математика е малку нелогична со оглед на тоа дека ја споредуваат максималната брзина на Килијан Мбапе во спринт од 30 метри, со просечната бризна на Усеин Болт во спринт од 100 метри (37,58 км/ч).

Усеин Болт во Берлин кога го постигна светскиот рекорд всушност имаше максимална брзина од 44,7 км/ч, параметарот што всушност треба да се земе во предвид доколку се прави споредба помеѓу двајцата, што е далеку подобро постигнување од она на Килијан Мбапе.