24фудбал

Гол на Трајковски, но Палермо киксираше дома против претпоследниот тим на табелата (ВИДЕО)

Александар Трајковски беше стрелец за Палермо вечерва против Падова, но „сицилијанците“ стигнаа само до бод против претпоследниот тим на табелата.

Италија

Популарните „росанеро“ испуштија два важни бода во трката за директен пласман во Серија А. Вечерва на „Ренцо Барбера“, Палермо одигра само 1-1 против Падова, претпоследнопласираниот тим на табелата.

Александар Трајковски го отвори резултатот во 14. минута, Македонецот биеше од далечина, топката закачи еден од гостинските дефанзивци и заврши во мрежата.

Сепак радоста кратко траеше, само 60 секунди подоцна, Пулцети реализираше за 1-1. Гостите имаа и прилика да заминат на пауза со предност, но Капело промаши пенал.