24фудбал

Солскјер провоцираше во стилот на Мурињо, Гвардиола не остана покус и му врати веднаш

Битката пред вечерашното дерби на Манчестер која треба да кулминира на Олд Трафорд, е веќе разгорена, сега во главна улога се тренерите на двата тима.

Англија

Пред мечот Оле Гунар Солскјер изјави дека играчите на Манчестер Сити ќе прават фаули високо на теренот каде што помали се шансите судијата да им дава картони. Ова беше сфатено како притисок во стилот на Жозе Мурињо.

„Не добивате жолти картони таму, нели? Затоа што имаат многу фудбалери напред ќе пробаат да притискаат високо и да прават фаули. Наше е да играме преку тој прес, да бидеме подготвени, да играме со еден или два допири, да не им дадеме време. А одлуката за картони не е моја, судиите се одговорни за тоа“, изјави Солскјер.

BetAdria.com: Манчестер јунајтед - Манчестер Сити 7,00  4,80  1,50

Гвардиола не беше импресиониран од оваа изјава на Солскјер, па веднаш му врати.

„Не ми се допаѓа тоа што го кажа. Мојот тим не е изграден и креиран да размислува така. Ова е изјава за да се создаде притисок кон судијата. Но ние не го правиме тоа како што тој вели“, изјави Гвардиола.

Запрашан дали судијата Маринер може да има друг поглед на инцидентите поради изјавата на Солскјер, Гвардиола се насмеа и рече: „Навистина? Не знам“. Не сакам да бидам суспендиран. Не сакам да влегувам во неволја“.

„Никогаш не сум ги подготвувал фудбалерите за таква игра. Знам што точно сум им кажувал од првиот ден, па до последниот. Ако играч сака да нападне треба да бидеме искрени и да кажеме дека има контакти, фаули. Кога се случуваат со задоцнување, судиите покажуваат жолти или црвени картони. Но ние сакаме да ја играме нашата игра, а понекогаш тоа е невозможно. Со просечна посед од 65%-70% како може да правиме многу фаули? Фокусиран сум на многу други работи на натпреварот, пример како да ги победиме. Можеби на пресот по натпреварот ќе можете да го прашате зошто мисли така“.