24фудбал

Манчестер Сити го победи Јунајтед и направи огромен чекор кон одбрана на титулата! (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Манчестер јунајтед со 2-0 на Олд Трафорд и се искачи на врвот во Премиерлигата на три кола до крајот.

Англија

Манчестер Сити го доби најважниот натпревар во финишот од сезоната во Премиерлигата откако го победи градскиот ривал на негов терен.

Ливерпул се надеваше дека Манчестер јунајтед ќе може да остане непоразен, но црвените ѓаволи ја продолжија очајната серија. На последните девет меча имаат дури седум порази.

Првото полувреме на Олд Трафорд беше изедначено, немаше голови, и двете ркипи имаа свои периоди.

Во вториот дел Сити тргна поконкретно и голот дојде во 54. минута, Бернардо Силва пласираше од далечина и погоди за водство од 1-0.

Десетина минути подоцна Сане го зголеми водството на 2-0 и го постави конечниот резултат.

Манчестер јунајтед до крајот јалово се обидуваше да се врати во игра но не успеа.

На три кола до крајот Манчестер Сити е прв со еден бод повеќе од Ливерпул. Манчестер јунајтед е на шестата позиција и има мали шанси за пласман во топ четири.