24фудбал

Кутињо би можел да се врати во Премиерлигата, ФИФА го има последниот збор

Се шпекулира дека Челси во Бразилецот гледа најидеален наследник на Еден Азар кој подолг период се најавува како големо засилување за Реал Мадрид за идната сезона, се чини дека летниот преоден рок конечно ќе одекне таа трансфер бомба.

Шпанија

Плејмејкерот на Барселона, Филипе Кутињо би можел да се врати во Премиерлигата, но, не во неговиот поранешен клуб Ливерпул, туку во Челси, ова е опција за која се шпекулира извесен период низ медиумите, а за да се оствари, последниот збор го немаат ниту Кутињо, ниту Барса, ниту Челси, туку ФИФА.

Станува збор за суспензијата која ја има Челси за трансфери, па така можноста Кутињо да се пресели на Стемфорд Бриџ на лето зависи токму од ФИФА, пренесува Диарио Спорт.

Истиот медиум додава дека Бразилецот се очекува да го замени Еден Азар во составот на тимто од Лондон, веќе е познато дека Белгиецот е сепоблиску до трансфер во Реал Мадрид, а тој трансфер кој се најавува подолг период, би можел да се реализира на лето.

Кутињо се соочува со проблеми во тимот на Барселона, имаше доста тешка адаптација во таа екипа, а се чини дека чашата се прели по гестикулациите кон навивачите по голот против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, каде возврати на критиките гестикулирајќи како ги слуша реакциите на гледалиштето, од тогаш, па наваму, Бразилецот редовно добива свирежи на Камп Ноу, со што му се стави дознаење дека речиси е непожелен во таа екипа.