24фудбал

Црвена звезда триумфираше во големото дерби со Партизан (ВИДЕО)

Се одигра 160. вечно дерби, на Маракана паднаа три погодоци, а на крајот се радуваа домаќините кои се на прагот да ја одбранат титулата во најсилниот српски фудбалски шампионат.

Останато

Црвена звезда славеше со 2-1 во дерби пресметката против Партизан на домашен терен во рамките на 33 коло од српската Суперлига, односно третата рунда од плејофот во тоа натпреварување, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, откако во првото мрежите на обете страни мируваа.

Ел Фарду од пенал во 60. минута погоди за 1-0, а победата ја навести Вукановиќ со голот во 80. минута.

Партизан со гол од пенал, дело на Гомес во самата завршница само го ублажи поразот и ги постави конечните 2-1 од пресметката во Белград.


Црвена звезда со 48 бода има шест бода предност во однос на второпласираниот Раднички Ниш на четири кола до крајот на тамошното првенство, на Партизан му преостанува битка за третото место и излез во Европа, а моментално има два бода негатива зад Младост кој се наоѓа на таа позиција.


Фото-вест: crvenazvezdafk.com