24фудбал

Ефенберг со совет до Хамес доколку сака да си ја спаси кариерата

Легендарниот Германец верува дека Колумбиецот едноставно нема избор за тоа што да одлучи по крајот на актуелната сезона, се верува дека Баварците не ни помислуваат да го откупат неговиот договор од Реал Мадрид.

Германија

Легендата на Баерн Минхен, Штефан Ефенберг верува дека Хамес Родригез нема избор во однос на тоа дали да продолжи во германскиот првак или да си замине, втората опција за Колумбиецот би била најдобра според него, за да си ја спаси кариерата.

Родригез летово ќе го заврши својот престој во Минхен откако ќе му истече позајмицата од две години, Баварците имаат опција за 42 милиони евра да го откупат неговиот договор со Реал Мадрид, но, шпекулациите велат дека тој клуб нема такви планови.

Хамес треба да си замине од Баерн“ вели Ефенберг во изјавата за Диарио АС.

Доколку ја погледнете неговата ситуација во клубот, ќе сфатите дека треба да си замине, тој едноставно треба да се забавува играјќи на терените, а тоа не може да се случи ако минува по 7, 10, 12 или 15 минути на натпреварите“ додава тој.

Во Реал Мадрид сигурно ќе биде комплицирано за него да добие минутажа, потребна му е целосна промена“ заклучи Германецот.