24фудбал

Гатузо го прокоментира инцидентот со Бакајоко и порача: Ќе се разберам со него лице во лице и со јазик кој не е за пред камери!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо порача дека ќе ги реши недоразбирањата со Тимуе Бакајоко зад затворени врати и ќе користи зборови кои не се за пред камера.

Италија

Французинот вечерва одби да влезе во игра против Болоња, а тоа како да не беше доволно па дури се дрзна и да го опцуе Џенаро Гатузо и му кажа „од*еби човеку“.

По тешко издвојуваната победа од 2-1, тренерот на Милан го прокоментира инцидентот на клупата.

„Она што се случува е наша работа и ќе го решиме во соблекувалната. Му кажав на Бакајоко да се подготви, но му требаше многу време и го повикав Хосе Маури. Носиме престижен дрес па морам да бидам јасен и искрен. Чекав седум или осум минути а тој се уште ги немаше ставено костобраните...“ – вели популарниот Рино.

„И јас кога бев играч на неколку тренери им го имам кажно истото, да „од*бат“, но тука завршило се. Ќе видиме што ќе се случи, се работи за почит. Фудбалерите можат да ми кажат сè, но најважно е да не се покаже непочитување кон соиграчите и атмосферата во тимот“.

„Секој може да ме навреди на клупата, но потоа ќе се сретнеме лице во лице во соблекувалната и ќе видиме. Ваквите работи сакам да ги решам зад затворени врати и да разговараме на мој јазик, кој не е за пред камерите“.