24фудбал

Де Лихт: Ова е кошмар, бевме толку блиску до финале, но...

Капитенот на Ајакс, Матијс Де Лихт го опиша поразот од Тотнем како кошмар, холандскиот тим беше на чекор до финалето, но доживеа шок во последните секунди од мечот.

Лига на Шампиони

Ајакс со победа од 1-0 остварена во Лондон го почна денешниот меч против Тотнем на свој терен. По првиот дел водеа со 2-0 и на крајот не се пласираа во финалето од Лигата на шампионите. За судбината да биде уште посурова кон нив стои фактот дека решавачкиот гол го примија во 95. минута.

„Ова е кошмар, како сон кој завршува лошо“, вели 19-годишниот Де Лихт кој иако е тинејџер е капитен на Ајакс.

„Одигравме добро прво полувреме, се одеше на нашата страна. Но не продолживме со истиот притисок и во второто полувреме“.

„Примивме глупави голови. Бевме толку блиску до финале...а потоа топката почна да влегува во нашата мрежа. Неверојатно“.