24фудбал

Лацио го освои Купот на Италија! (ВИДЕО)

Со два гола во финишот од натпреварот Лацио со 2-0 ја победи Аталанта и по седми пат во клупската историја го освои Купот на Италија.

Италија

Резултатот долго време беше оној почетниот 0-0. Аталанта два пати ја погодуваше стативата од голот на Лацио, а казната за промашеното стигна на крајот.

Во 79. минута Симоне Инзаги во игра го внесе Сергеј Миликовиќ Савиќ, а тој само три минути подоцна со глава му донесе водство на Лацио.

Конечните 2-0 ги постави Кореа по една контра во 90. минута од натпреварот.