24фудбал

Челси игра непотребни пријателски мечеви пред дуелот со Арсенал, им се повреди важен играч, Сари е бесен

Челси со 3-0 го доби дуелот со Њу Ингланд Револушн, но остана без Рубен Лофтус Чик кој го свитка зглобот.

Англија

Челси е во САД каде одигра пријателски меч со Њу Ингланд Револушн на Жилет стадионот.

Во второто полувреме Рубен Лофтус Чик го превитка зглобот, излезе од игра и на патерици го напушти стадионот. Тој е неизвесен за финалето од Лига Европа против Арсенал.

Сари излезе со силен состав на овој натпревар, два гола беа дело на Баркли, еден постигна Жиру.

Тренерот на Челси не сакал да игра пријателски натпревар, смета дека фудбалерите треба да се одморат пред финалето, но раководството е тоа кое одлучува.

„Како човек сум среќен што сме тука, но како тренер сум загрижен бидејќи многу добро знам дека на мојот тим сега му треба одмор. Па мислам дека ова не е најдобар начин да се подготвиме за финалето“, изјави Сари.