24фудбал

Газета: Икарди ги договорил условите со Јуве

Интер и Икарди се поизвесно е дека ќе се разделат во летниот преоден рок, Газета дело Спорт веќе пренесе дека аргентинскиот напаѓач веќе ги договорил личните услови со италијанскиот првак.

Италија

Според неофицијалните информации кои пристигнуваат, се вели дека напаѓачот на Интер, Мауро Икарди ги договорил личните услови со Јувентус, меѓутоа останува надоместокот како пречка засега.

Газета дело Спорт пишува дека првиот и единствен избор на Икарди, при евентуално заминување од Интер во летниот преоден рок е токму Јувентус.

Весникот објаснува дека договорот помеѓу обете страни паднал пред неколку седмици, а Аргентинецот ќе потпише петгодишен договор, со кој ќе заработува 8 милиони евра, а дополнително ќе бидат предвидени и бонуси во истиот.

Како и да е, во однос на преговорите, Старата дама посакува во договорот да го понуди на Интер и Даглас Коста, меѓутоа Интер бара само кеш за Икарди.