24фудбал

Баерн Минхен ја одбрани титулата во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 5-1 го победи Ајнтрахт Франкфурт и дојде до нов трофеј во Бундеслигата, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Баер Леверкузен ќе играат во Лигата на шампионите.

Германија

Без изненадувања во последното коло од Бундеслигата, Баерн Минхен дојде до очекуваните три бода против Ајнтрахт Франкфурт и го завери трофејот.

Коман уште во четвртата минута ја отвори серијата погодоци, а Халер во 50. го изедначи резултатот на 1-1. Сепак немаше простор за паника, по само три минути Алаба носи ново водство на Баерн Минех, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Ренато Санчез, Рибери и Робен.

За Франк Рибери и Аријан Робен ова беше последен натпревар за Баерн Минхен, на убав начин, со по еден гол се простија од германскиот тим.

Неколку екипи се бореа за последното место кое води во Лигата на шампионите, а до него успеа да стигне Баер Леверкузен кој со 5-1 славеше на гостувањето кај Херта. Менхенгладбах загуби дома од Борусија Дортмунд со 2-0 и ја загуби трката со Фармацевтите, шанси имаше и Ајнтрахт но како што рековме тие претрпеа висок пораз од Баерн.

Битката за опстанок не беше на менито во последното коло, од претходно се знаеше дека Нирнберг и Хановер се селат во втората Бундеслига, а Штутгарт ќе игра бараж.


Резултати од последното коло во Бундеслигата:

Борусија Менхенгладбах - Борисуија Дортмунд 0-2

Баерн Минхен - Ајнтрахт Франкфурт 5-1

Фортуна Дизелдорф - Хановер 2-1

Фрајбург - Нирнберг 5-1

Херта - Баер Леверкузен 1-5

Мајнц - Хофенхајм 4-2

Шалке - Штутгарт 0-0

Вердер Бремен - Лајпциг 2-1

Волфсбург - Аугсбург 8-1

Прославата на трофејот: