24фудбал

Алегри: Прво се договоривме да продолжиме заедно, а потоа добив отказ

Масимо Алегри открива дека по мечот со Ајакс се договориле тој да остане во клубот и следната сезона, но подоцна раководството се предомислило.

Италија

Макс Алегри зврши со Јувентус, синоќешниот меч со Аталанта беше и неговиот последен на домашен терен, му останува само уште тој од последното коло во Серија А.

Јувентус се реши да не продолжи со Алегри и следната сезона иако неговиот договор истекува во јуни 2020. Стратегот доби отказ.

„Зборував со претседателот по мечот со Ајакс, имавме планови да продолжиме, но работите се променија потоа. Во петокот ми беше кажано за одлуката. Кога го напуштив состанокот во четвртокот навечер знаев дека нема да бидам веќе тренер на Јувентус. Не ми беше кажано тогаш, едноставно знаев“, изјави Алегри.

„Нема да земам одмор, идејата сега е да најдам проект кој ќе ми се допадне и да продолжам да работам“.

„Не знам кој ќе биде новиот тренер на Јувентус, но мислам дека клубот ќе го направи најдобриот избор за тимот да продолжи да победува“.

Синоќа од навивачите на Јувентус се прости и Барзаљи кој ја завршува кариерата. А на стадинот беа и Џиџи Буфон, Фернандо Љоренте како и новото засилување Арон Ремзи. Јувентус го доби Скудетото.