24фудбал

Бејл: Ако Реал Мадрид не ми исплати 51 милион евра, ќе останам и ќе играм голф!

Герет Бејл не сака да помисли на заминување од Реал Мадрид иако клубот сака да се ослободи од него.

Шпанија

Зинедин Зидан не го пушти Бејл во игра на последниот натпревар. Сите очекуваа дека Велшанецот ќе влезе во игра и ќе се опрости од Сантијаго Бернабеу бидејќи тоа можеби е негов последен меч во дресот на Реал Мадрид.

Зидан не сакаше да му ја пружи таа можност на Бејл, а по натпреварот рече дека играчот не му се вклопува во замислите. 

„Радио Естадио“ излезе со вест дека Бејл бил лут кога влегол во соблекувалната по мечот и на глас пред своите соиграчи рекол дека нема намера да си оди ако Реал Мадрид не му исплати 51 милион евра, тоа е сумата која треба да ја земе ако биде испочитуван договорот до крај од кој има уште три години.

„Имам тригодишен договор и доколку сакаат да си одам ќе треба да ми платат 17 милиони по сезона (вкупно 51). Ако не ми платат ќе останам тука и ќе играм голф“, рекол Бејл.

Бејл во Реал Мадрид зима огромна плата и тој не сака да потпише за клуб каде што ќе има помали примања, а никој не сака да му даде толку многу. Но се верува дека во наредниот период ќе биде изнајдено некое решение за ситуацијата.