24фудбал

„Мбапе со затворени очи сакаше да оди во Реал Мадрид!“ – Емери открива како ПСЖ го убедил напаѓачот да се пресели во Париз

Поранешниот тренер на „светците“, Унаи Емери открива дека Килијан Мбапе пред две години сакал да направи трансфер во Реал Мадрид, но ПСЖ на крајот успеал да го убеди да го одбере Париз како следната дестинација.

Франција

20 годишниот напаѓач деновиве е во центарот на вниманието откако со една изјава под знак прашалник ја стави својата иднина на Паркот на Принцовите. ПСЖ сепак веднаш го „олади“ играчот и порача дека Килијан Мбапе останува.

Реал Мадрид и Флорентино Перез внимателно ја следат ситуацијата, и имаат желба да го направат Французинот новиот „галактико“.

Унаи Емери сега открива дека Килијан Мбапе пред две години сакал да се пресели на Сантијаго Бернабеу, но ПСЖ на крајот успеал да го убеди да го одбере Париз како следна дестинација.

„Во еден момент, сите во ПСЖ силно притиснаа. Јас дури разговарав со него и со неговиот татко, ги убедував да го одберат ПСЖ“ – вели стратегот, кој таа година беше на кормилото на „светците“.

„Тој сакаше да го одбере Реал Мадрид, имаше и шанси за Барселона, но тој со затворени очи сакаше да оди во Мадрд“.

„Но на крајот успеавме да го убедиме дека проектот во Франција е одличен. Секако, требаше и убаво да го одврземе ќесето“.

Килијан Мбапе во последните денови од летниот преоден рок во 2017 заврши во Париз на позајмица од Монако, со опција за трансфер вреден 180 милиони евра која беше активирана 12 месеци подоцна.