24фудбал

„Ериксен ќе биде играч на Реал Мадрид по финалето од Лигата на шампионите“

Од Шпанија пристигнува информација дека „кралевите“ договориле уште едно засилување, станува збор за Кристијан Ериксен од Тотнем.

Шпанија

Реал Мадрид веќе го купи Едер Милитао а се верува дека и трансферите на Еден Азар и Лука Јовиќ се завршена работа. Според емисијата „Ел Чирингито“, договорено е уште едно засилување.

Новинарот Хаиме Астраин објави дека Кристијан Ериксен ќе биде играч на Реал Мадрид на стартот од следниот месец.

„Реал Мадрид има договрено играч за следната сезона, се работи за Кристијан Ериксен. Трансферот ќе биде соопштен по финалето од Лигата на шампионите (1. јуни)“ – рече тој.

Новинарот исто така објасени дека „кралевите“ се обиделе како дел од зделката да го испратат Герет Бејл во Лондон, но „спарси“ го одбиле овој предлог, па Реал во целост ќе ја плати сумата која Тотнем ја побарал за услугите на Данецот, иако таа не беше обелоденета.