24фудбал

Торган Азар потпиша за Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд потпиша петгодишен договор со Торган Азар кој доаѓа од Борусија Менхенгладбах.

Германија

Помалиот брат на Еден Азар имаше одлична сезона во Бундеслигата, на 35 натпревари постигна 13 гола и имаше 12 асистенции.

Тој го привлече вниманието на повеќе екипи, а до неговиот потпис стигна Борусија Дортмунд.

Тие во него гледаат замена за Кристијан Пулишиќ кој е нов играч на Челси.