24фудбал

Дортмунд со парите од Пулишиќ и дополнителни 10 милиони евра донесе три засилувања во два дена!

„Милионерите“ оваа недела беа прилични активни на трансфер пазарот и донесоа три засилувања за новата сезона за кои потрошија 75 милиони евра.

Германија

Борусија Дортмунд направи одличен бизнис. Кристијан Пулишиќ го продаде на Челси за 66 милиони евра, а со овие пари, не само што донесе замена за репрезентативецот од САД, засили и неколку позиции во тимот.

Синоќа беше соопштен трансферот на Нико Шулц од Хофенхајм. Левиот бек пристигнува на „Сигнал Идуна Парк“ за 25 милиони евра. Утрово беше потврден и трансферот на Торган Азар, кој пристигнува од Борусија Менхенгладбах за почетна сума од 25,5 милиони евра и уште неколку милиони во бонуси.

Попладнево беше презентиран и Јулијан Бранд од Баер Леверкузен. Перспективниот Германец имаше откупна клаузула од 25 милиони евра, и токму оваа сума ја плати Борусија Дортмунд.