24фудбал

Фановите на Јуве си најдоа причина да веруваат дека новиот тренер ќе биде презентиран на 14 јуни!

Јувентус и Масимо Алегри нема да бидат заедно следната сезона, љубовта заврши, италијанскиот шампион наскоро треба да добие нов тренер.

Италија

Се шпекулира со повеќе имиња, но се уште не се знае кој ќе биде нов тренер на Јувентус.

Навивачите на Јувентус веруваат дека новиот тренер ќе биде презентиран на 14 јуни иако не знаат кој ќе биде тоа.

Причина за ова верување е фактот што влезниците за музејот на Јувентус и тура на Алијанц Јувентус се повлечени од продажба за датумот 14 јуни.

Голем дел од навивачите на Јуве сметаат дека причината за таквиот потег е презентација на новиот тренер која ќе се случи на стадионот.

Се верува дека наскоро ќе се дознае кој ќе биде новиот тренер на Јувентус, а останува да видиме дали навивачите ќе погодат дека тој ќе биде промовиран на 14 јуни.