24фудбал

Баерн Минхен во Манчестер Сити ја бара замената за Рибери и Робен

Баерн Минхен е во преговори со Манчестер Сити за ангажман на Лерој Сане кој не е еден од омилените играчи на Пеп Гвардиола.

Германија

23-годишниот Сане не е среќен во Манчестер Сити, а тоа ќе се обиде да го искористи Баерн Минхен и да го ангажира поранешниот фудбалер на Шалке.

Аријен Робен и Франк Рибери го завршија својот престој во Баерн Минхен, па германскиот гигант е во потрага по нови крилни играчи.

Сане оваа сезона имаше 47 настапи, но само на 30 од нив беше стартер, а само 16 пати одигра 90 минути.

Рахим Стерлинг и Бернардо Силва беа играчите кои ги преферираше Пеп на крилните позиции, а во финишот од сезоната и Ријад Махрез беше опција пред Сане.

И претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес за германските медиуми го потврди интересот за Лерој Сане кој е нивна цел број еден во моментов.

Се верува дека понудата на Баерн Минхен ќе биде 70 милиони фунти.