24фудбал

Алиоски е подготвен за игра, тренира како Роки Балбоа! (ВИДЕО)

Повредата е минато за Езгјан Алиоски, тој ќе настапи за Македонија против Полска и Австрија.

Македонија

Алиоски ги пропушти последните натпревари на Лидс од сезоната, но според постот на „Твитер“ тој е подготвен за игра.

Работи во полна пареа во Лидс, тренира и бокс со цел да ја врати силат. Тој треба да биде еден од клучните фудбалери на Македонија во квалификациските мечеви против Полска и Австрија.