24фудбал

Буфон е спремен за пензија, Баба од мртов агол му даде гол низ нозе (ВИДЕО)

Ако на лидерите на ПСЖ им требаше разубедуање дека е истечено времето на Џиџи Буфон, денешниот меч со Ремс покажа дека ветеренот е спремен за пензија.

Франција

Легендарниот голман требаше да се пензионира минатото лето, таков беше првичниот план откако не стави потпис на нов договор со Јувентус. Но потоа ПСЖ тропна на неговата врата, и Џиџи Буфон (примамен од парите или желбата за успех во ЛШ) реши да продолжи и стави потпис на едногодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Тој не се изнаигра многу во Париз оваа сезона и лидерите на „светците“ сега се на два ума, дали да ја продолжат соработката со ветеранот или пак да донесат нов голман од светска класа.

Доколку им требаше разубедување дека е истечено времето на Џиџи Буфон, денешниот меч со Ремс покажа дека ветеренот е спремен за пензија. Во последното коло од сезоната, Баба од мртов агол му даде гол низ нозе на Италијанецот.


Ништо подобра не беше и реакцијата на голманот при вториот гол на домаќините, кои на крајот славеа со 3-1.