24фудбал

Анри како тренер не успеа во Франција, сега ќе се проба во Шпанија?

Тјери Анри имаше многу лоша авантура на клупата на Монако, но и покрај тоа можеби ќе добие шанса да води клуб од шпанската Примера.

Шпанија

Се шпекулира дека Бетис кој е во потрага по нов тренер сака да го ангажира Тјери Анри.

По заминувањето на Кике Сетиен, Бетис бараат нов тренер, прва опција им бил Рафа Бенитез но добиле негативен одговор од шпанскиот стратег.

Се пишува дека Бетис ќе му ја понудат работата на Анри кој не би требало да ги одбие поради тоа што мала е веројатноста да добие други понуди од сериозни клубови со оглед на неговото лошо искуство во Монако.

Анри на клупата на Монако остана само три месеци по кои доби отказ поради катастрофалните резултати и покрај тоа што клубот требаше да плати огромно обесштетување.