24фудбал

И по 20 години Солскјер му даде гол на Баерн, Бекам го седна противникот на земја и ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)

Во хуманитарен натпревар помеѓу легендите на Манчестер јунајтед и Баерн Минхен со кој се одбележа 20 години од фамозниот триумф на „ѓаволите“ во Лигата на шампионите во Барселона, најтрофејниот клуб од Англија славеше со убедливи 5-0 на Олд Трафорд.

Англија

Пред 20 години, Манчестер јунајтед стигна до титулата во Лигата на шампионите и покрај тоа што губеше со 1-0 од Баерн по истекот на регуларните 90 минути. Со два гола во судиското надополнување, „ѓаволите“ направија неверојатен кам-бек кој ќе се раскажува уште долги години.

За одбележување на овој натпревар, денеска на Олд Трафорд, легендите на двата клуба одиграа хуманитарен натпревар.

Манчестер јунајтед славеше со убедливи 5-0, а Солскјер повторно ја затресе мрежата на „Баварците“ и го отвори резултатот.

Потоа следуваа голови на Јорк, Бат и Саха а точка на натпреварот стави Бекам, кој најпрво го седна противникот на земја со својот дрибилинг и потоа рутински реализираше и ја крена публиката на нозе.

Сер Алекс Фергусон седеше на клупата, заедно со неговиот поранешен помошник Стив Мекларен а пота им се придружи и Оле Гунар Солскјер.