24фудбал

Ова беа последните луди шанси за Емполи, Д’Амброзио чудесно расчисти, Хандановиќ со одличен рефлекс (ВИДЕО)

Емполи има за што да жали откако испадна од Серија А, гостите вечерва можеа да го шокираат Интер, имаа две луди шанси во последните мигови но Д’Амброзио и Хандановиќ ги однесоа „нероаѕурите“ во ЛШ.

Италија

Разврската во Серија А беше полна со драма. На крајот, Интер и Аталанта обезбедија ЛШ на сметка на Милан, Џенова остана во елитата а Емполи се сели во втора лига.

Но работите можеа да бидат многу поразлични. Во завршницата од мечот на „Џузепе Меаца“, гостите имаа две големи шанси да го шокираат Интер и да се спасат.

Најпрво во 89. минута Д’Амброзио чудесно спречи гол, во последен момент блокираше а и среќата го посака откако од само два метра топката заврши во гредата.


Во 91. минута на сцена стапи Хандановиќ, кој покажа одличен рефлекс, бескомпромисно влезе во шутот на противникот и спречи гол.