24фудбал

Штутгарт испадна во втора лига, Унион Берлин испиша историја! (ВИДЕО)

Берлин од следната сезона ќе има градско дерби во најдобрата германска лига откако Унион Берлин го доби баражот со Штутгарт и се пласира во Бундеслигата.

Германија

Унион Берлин испиша историја, стана 56. тим кој ќе игра во Бундеслигата, на денешниот реванш натпревар против Штутгарт одиграа 0-0, но поради гол у гости се радуваа на најголемиот успех. Мечот во Штутгарт заврши 2-2.

Германскиот великан, Штутгарт имаше мизерна сезона во Бундеслигата, дојде до меч за опстанок, но не го обезбеди. Сосема заслужено оди во ранг подолу.

Натпреварот имаше фантастична атмосфера на трибините, често беа палени бакли, а по последниот судиски свиреж навивачите влегоа во теренот да ја прослават историската победа со своите фудбалери.

За време на мечот и двата тима имаа свои периоди, Штутгарт имаше повеќе шанси во првиот дел, на почетокот постигна и гол кој беше поништен поради офсајд со ВАР. Во второто полувреме Унион Берлин два пати ја погоди стативата. А ВАР реагираше и во полза на Штутгарт откако најпрво беше досуден пенал за Унион Берлин, па поништен.

Од идната сезона Берлин ќе има градско дерби во Бундеслигата, Херта против Унион Берлин.