24фудбал

Вардар куртули од казна од УЕФА но џабе му е кога не доби лиценца за Европа

Европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека Вардар ги подмирил долговите во дадениот рок па „црвено-црните“ нема да бидат исфрлени на една сезона од Европа.

Македонија

Во декември 2018, беше донесе одлука да се исфрли Вардар во следното европско натпреварување под капата на УЕФА за кое клубот од Македонија ќе избори пласман во следните две сезони (2019/20 или 2020/21).  

Казната сепак беше условна и на „црвено-црните“ им беше даден рок да ги подмират долговите кои ги имаат до 31. јануари.

Сопственикот Сергеј Самсоненко го стори тоа и ги достави доказите до УЕФА, па денеска од Нион пристигна информација дека Вардар куртули од казна.

Сепак, ова е џабе бидејќи Вардар не доби лиценца од ФФМ за настап во Европа па следната сезона нема да се појави во квалификациите од Лига Европа.