24фудбал

Челси го растури Арсенал во второто полувреме, синиот дел од Лондон се радува на трофејот од Лига Европа! (ВИДЕО)

Во финале со лудо второ полувреме Челси го победи Арсенал со убедливи 4-1 и го освои големиот трофеј во Лига Европа.

Лига Европа

Челзи го доби големото финале против Арсенал во Лига Европа, лондонскиот дуел им припадна на „сините“ благодарение на фантастичното издание во второто полувреме.

За Арсенал ова финале имаше поголемо значење бидејќи со триумф ќе обезбедеа и место во Лигата на шампионите, но тоа не се случи.

Мирно беше во првото полувреме, и двете екипи имаа по некоја шанса, најсериозната беше на Жиру, но Чех го одбрани неговиот удар.

Вистинското шоу беше во второто полувреме, по само четири игра Жиру постигна убав гол со глава и му донесе водство на Челси од 1-0.

Во 60. минута грешка на Арсенал во средниот ред, Челси ја одзема топката и по еден брз против напад Азар асистираше до Педро кој зголеми на 2-0.

Само неколку минути подоцна Жиру беше фаулиран во шеснаесетникот на Арсенал, судијата покажа пенал, а Азар постигна гол веќе убедливо водство од 3-0.

Во 69. минута Ивоби постигна прекрасен гол, намали на 3-1 и донесе некаква надеж за Арсенал, но таа брзо беше згасната, бидејќи само три минути подоцна Азар постигна нов гол за водство на Челси од 4-1.