24фудбал

Пуста желба или реална можност, МД пишува за ново страшно напаѓачко трио на Барса (ФОТО)

Барселона во следната сезона би можела да има ново застрашувачко трио во форот, Мундо Депортиво пишува за намерата на „каталонците“ да ги спојат Лео Меси, Антоан Гризман и Нејмар.

Шпанија

Пред неколку години, Барселона беше предводена од популарнот МСН, составено од Лео Меси, Луис Суарез и Нејмар. „Каталонците“ тогаш освоија се што може да се освои.

Мундо Депортиво сега пишува за ново трио кое ќе сее страв кај противниците, „каталонците“ сакаат да ги спојат Лео Меси, Антоан Гризман и Нејмар.

Барса лесно може да стигне до услугите на Французинот, тој има откупна клаузула од 120 милиони евра. Некои извори дури велат дека се е завршено и напаѓачот веќе ставил потпис на договор.

Трансферот на Нејмар пак е сосема друга приказна и прилично комплексна операција која ќе бара многу повеќе пари, и пред се волја од страна на ПСЖ да се раздели со Бразилецот.

За да се оствари овој план, шампионот на Шпанија ќе треба да жртвува неколку играчи. Филипе Кутињо ќе замине за да се отвори простор за Антоан Гризман, а Осман Дембеле ќе треба да биде продаден за Нејмар да може да се врати на Камп Ноу.

Дали ова е само пуста желба или реална можност ќе покаже времето.