24фудбал

На Клоп му падна камен од срцето: Ова е неверојатно, каква ноќ... сте виделе ли ваков тим?!

Јирген Клоп конечно се радува на трофеј на кормилото на Ливерпул и конечно победи во финале откако „црвените“ вечерва со 2-0 го совладаа Тотнем на Ванда Метрополитано.

Лига на Шампиони

Стратегот доби етикета баксуз откако загуби на шест финалиња по ред. Но Германецот го скрши малерот, вечерва Ливерпул ја доби пресметката со Тотнем во Мадрид и триумфираше во Лигата на шампионите.

„Немам зборови“ – рече Јирген Клоп по крајот на мечот.

„Среќен сум за момците, среќен сум за ситe овие луѓе кои не бодреа, среќен сум за моето семејство.... Секогаш кога игравме финале и ќе загубeвме, тие страдаа повеќе од мене. Постојано ми даваа поддршка, па успехот е за нив“.

„Дали сте виделе ваков тим? Се бореа и покрај тоа што немаа гориво во резервоарот. Имаме и голман кој прави тешките работи да изгледаат лесни“.

„Ова е неверојатно, каква ноќ. Сега ќе треба да прославиме и да го покажеме трофејот. Ова сигурно е најубавата ноќ во мојот живот, од професионалeн аспект“.